Vulpes in fabula (Лисица во приказна)

Она што е важно за сите нас кои стоиме зад браникот на слободата против в@кциналната тиранија е фактот што многу свиркачи и лица од доверба (научници, лекари и од другите сродни или несродни професии) истапија јавно и осведочија за штетноста на оваа агенда, така што е завиорен бајракот за борба.

Оваа хибридна војна се одвива на многу фронтови, од кои најсуптилен е духовниот.

Прв пат човештвото се соочува со непријател далеку поподготвен, полукав, поприкриен и покреативен од некогашните низ историјата. За разлика од нив, чијашто телесна и психичка тортура траела неколку години или неколку децении, овој непријател е перфиден подлец кој незабележливо водел непрекината војна со луѓето во многудеценискиот период по завршувањето на Втората светска војна прекројувајќи го современиот човек со разни хируршки инструменти, социолошки, политичко-идеолошки, медиумски, забавно-културолошки.

Во театарската сцена на симулакруми, тој го губи хоризонтот, не согледувајќи го привидот на слободата која му е, наводно, подарена, а всушност, не е.

Значи, парадигмата на војувањето наполно е изменета, без непосредно нанесување на телесна болка, на повреди и на лузни. Трансцендирал во стратегијата на војувањето правејќи штета во нешто подрагоцено, а тоа е духовната димензија на човекот која е нераскинливо врзана со неговиот телесен интегритет, содејствува во таа вертикала и наизменично ги трпи последиците. Тој е интелигентен злосторник, кој знае како да се прикраде и да го улови пленот. Во состојба на хипноза, повремено го моделирал неговиот психолошки статус, му ги истоштил духовните и телесните сили и го придготвил за жетва кога ќе дојде време за тоа, според планот.

Многумина од нас се жртви на неговите ментални стапици. Откако нѐ замесил во тестото и нѐ начинил ранливи, одненадеж запира со „негата“ која ни ја пружал прикажувајќи го сопственото вистинско лисичјо лице како што добриот фармер ја храни живината во кокошарникот, изигрува чувар и негувател, сѐ до оној миг кога ќе одлучи да ја одвлече за обезглавување додека летаат пердувите на сите страни.

Што повеќе глави порано се разбудат, толку помалку од нив ќе бидат обезглавени.

15.12.2021 год.

No comments:

Post a Comment