Типична училишна одредница вели дека маската е предмет кој се става на лице за заштита, прикривање, вршење на обред или забава.
Во далечното минато, предците носеле маски на лицето за изведување на свечености, обреди или забава. Се смета дека основната цел на маската е да ги прикрива или открива карактеристиките и психичките состојби на личноста.
Меѓутоа, подалеку од овие вообичаени сфаќања, маската искажува една длабока психо-политичка симболика.

Не би претерал кога би рекол дека целта на олигарсите е малтузијанска. Со пукање на финансискиот систем во светот ним очигледно веќе не им требаат луѓе. Не знам и дали нè сметаат воопшто за луѓе. Сигурно во нивните раскошни дворци кои се соѕидани од туѓа мака, пот и крв ги набљудуваат настаните и се исмеваат на топлата (стоката) како се раситнува по улиците, осиромашува, се отуѓува и се гледа подозриво со прикриени изрази небаре некој ќе ѝ го загрози здравјето со говор или со тенко растојание.
Тонејќи нагло во финансиска дупка, ќе ни речат „за вашата сиромаштија вирусот е виновен“. Не е вирусот виновен. Сиромашни сме поради банкарските крадци во светот кои вас ве поставуваат како марионетки, а вие и самите сте нивни банкарски сателити. Затоа сме сиромашни, запоставени и никој не мисли на нас, поради нивните кражби, а не поради вирусот.
Вирусот е само инструмент да се поттикнува архетипски страв. По КОВИД-19, или ќе заплашуваат со рецидиви (зајакнување на вирусот на есен) или со нови вируси (преку поттикнување на архетипски стравови). Вака си велат: „Ајде да ги заплашиме уште повеќе, никогаш да не ја симнат маската од лицето, да носат дури скафандери на главата та да се движат со наведната глава по улиците како робови од средновековието кои послушно приоѓале со свиткано тело пред господарите!“.
Плански, постапно и перфидно ќе ги одземаат слободите додека маската ќе продолжи да зрачи како обележје на меѓународна заштита, хуманост, солидарност, висока свест. Како би го задржале наративот што подолго, поттикнувајќи стравови, ќе извикуваат: „Не излегувајте на улица, ќе ве казниме!“, „Не доближувајте се еден до друг, ќе изгинете!“, „Не кревајте глава нагоре, ќе ви влезе вирусот!“.
Феноменот на маската го достигнува својот врв на бесмисленост кога во жега од 30 и кусур степени ја носат забревтани жени и мажи во поодминати години, кои едвај воздух земаат, а со маската дополнително ја нарушуваат функцијата на белите дробови и срцето вдишувајќи го сопствениот јаглерод диоксид, кога знаеме дека протеинската структура на кој било вирус се разградува под непосредна сончева светлина, кога во топли денови опаѓа дејството на респираторните вируси како што кажуваат стручњаците, заразноста е сведена на минимум.
Во тој орвеловски свет на масовна контрола, се спроведува малтузијанска програма на еден научник, Роберт Малтуз.
Карл Густав Јунг, прочуениот психоаналитичар и философ, како и многу други од таа дисциплина кои се занимаваат со истражување на психата, точно знаеле дека малтретирањето и поробувањето на масите се спроведува само кога се играме со архетипските стравови.
Според тоа, маската е психо-политичка симболика на ропството. На робовите во минатото им било забрането да отвораат уста за да кажат нешто, едноставно немале право на збор. Римјаните полските робови ги сметале за instrumenta vocalia (гласни орудија).
Мерењето на температурата на чело со „пиштол“ е, исто така, архетипски симбол на поробување, контрола, во кој се крие потсвесна порака: „можеме да ве убиеме кога и да посакаме, но, сè уште не сме го направиле тоа, но, да знаете дека сме способни“. Да размислуваме со неокортексот сега: мерењето на температурата не докажува ништо. И да постои повишена температура, тоа не докажува дека носиме туѓо тело, сеедно кое. Чинителите можат да бидат различни, како егзогени, така и ендогени.
Не знам кои мерки следуваат понатаму, но, маската ќе остане составен дел од нашето секојдневие.
It's not over yet.
7.7.2020 год.
No comments:
Post a Comment