Добре дојде на страницата!
1. Морфологија на глагол во која се опфатени можни глаголски начини познати како конјунктиви, глаголите со неправилно спрегање како што се сите сложенки на помошниот глагол sum, esse, fui, глаголите volo (посакувам), nolo (не посакувам), malo (претпочитам), fero (носам) и eo (одам), одложни и полуодложни глаголи.
2. Синтакса на глаголско име, за да се запознаеш со безличните глаголски облици супин и инфинитив и соединувањето на инфинитивот со номинативот и со акузативот во засебни конструкции и независниот склоп на аблативот со имиња и партиципи наречен апсолутен аблатив.
3. Синтакса на падеж, за да ги разликуваш различните подвидови на падежи и нивната функција во една реченица.
4. Синтакса на реченица, со воведна содржина и со сложувањето на времињата (consecutio temporum).
Покрај објасненијата за градење на облиците, знаењата можеш да ги обновиш и увежбуваш со редица на прашања и задачи дадени во последните слајдови на дигиталната содржина.
Сите делови од содржините се движат со ползување на долниот алатник. Притискајќи на стрелката надесно напредуваш во слајдовите или ги додаваш деловите од слајдот, додека притискајќи на стрелката налево се враќаш во прегледаните слајдови или ги одземаш деловите од слајдот.
Ако притиснеш на копчето во облик на квадрат со испрекинати линии, го увеличуваш размерот на дигиталната содржина.
Содржините ти се бесплатни за употреба, така што секоја добра намера да го препорачаш Mythos како отворен образовен ресурс е скапоцен прилог кон класичната наука. Ја имаш мојата неизмерна благодарност!
ПРЕПОРАКА ОД АВТОРОТ:
Ако твојот прелистувач не го прикажува изворниот македонскиот фонт SkolaSansCnOffc на кој се изготвени презентациите вчитувајќи некој друг системски фонт како замена, тогаш задолжително ти препорачувам да ги преземеш и инсталираш четирите формати на твојот компјутер за да избегнеш изместувања од рамки и погрешна големина кои се јавуваат како последица на вчитан системски фонт.
Фонтот SkolaSansCnOffc е авторски во сопственост на македонскиот типограф Ласко Џуроски. Преземи ги сите четири формати за инсталирање.
Правилен: SkolaSansCnOffc-Regular
Правилен и накосен: SkolaSansCnOffc-RegularItalic
Здебелен: SkolaSansCnOffc-Bold
Здебелен и накосен: SkolaSansCnOffc-BoldItalic
Откако ќе заврши целиот процес на инсталирање, престартувај го прелистувачот за да провериш дали се вчитува новиот фонт во дигиталните содржини или, ако нема промена во форматот на фонтот, престартувај го системот.
1. Конјунктив на глаголи од презентска основа (актив и пасив) и кај помошниот глагол sum, esse, fui (преземи PDF датотека)
2. Конјунктив на глаголи од перфектна основа (актив) и кај помошниот глагол sum, esse, fui (преземи PDF датотека)
No comments:
Post a Comment