Бидерменова карта на принуда

Истражувајќи цело време за тоа што ни се случува од почетокот на 2020-тата, збиднувањата во нашето соседство и пошироко во Европа и целиот свет, дознав за еден извештај од 1973 год., објавен од Амнести Интернешенел, меѓународната организација за заштита на човековите права, кој гласи со наслов Report on Torture (Извештај околу измачување).

Во извештајот се разгледуваат околностите во кои се јавиле разни облици на измачување врз човештвото од историска гледна точка: затвори, заложништво, ропство и сл. Меѓу другото, организацијата ги разгледува одредниците за тоа што претставува измачувањето како општествена појава на насилство и усвојува општа одредница која гласи вака:

Измачувањето е систематско и свесно предизвикување на акутна болка во кој било облик од една на друга личност, или на трета, за да се наметне целта на првиот против волјата на другиот.“ (Вовед, стр. 35)

Изворен текст:

Torture is the systematic and deliberate infliction of acute pain in any form by one person on another, or on a third person, in order to accomplish the purpose of the former against the will of the latter.

Понатаму, во извештајот се наведени техники на измачување кои ги истражил психологот Алберт Бидермен (Albert Biderman). Имено, Бидермен ги истражувал техниките на измачување што ги користила кинеската војска врз американските заложници. Неговите сознанија се употребуваат денес од светската елита за туркање на новиот светски поредок, затоа што тие се докажани како делотворни врз најголем процент од населението.

Овие техники во извештајот се подредени редоследно на познатата Бидерменова карта на принуда (Biderman's Chart of Coercion). Тие се систематизирани врз основа на истражувањето на комунистичките кинески воени техники на психолошко измачување, во науката познати како DDD (Debility, dependency and dread), коишто се претполага дека ЦИА ги има прифатено и применето во нивните операции.

Во објавата ќе ги посочам мерките една по една, а изворната карта е на мојата објава:

1. Изолација

- Ја лишува жртвата од секаква општествена поддршка за да даде отпор. 

- Предизвикува изразена загриженост за самиот себе. 

- Ја чини жртвата исклучително зависна од злоставувачот или системот.

Варијанти: групна, делумна и целосна изолација на жртвата. 

Ни се одзема слободата да се собираме, да се дружиме, да патуваме едни до други во разни градови и држави под мотото „Сите сме можно заразни“. Значи, дистанцирања, карантини и забрана на јавни собирања.

2. Монополизација на перцепцијата

- Тука сме во домејнот на мејнстрим-медиумите. Мислам дека на сите ни е јасно дека нив ги контролираат 6 светски корпорации. Ни одредуваат што ќе читаме, што ќе гледаме, како треба да размислуваме. Мејнстрим-медиумите ги коментираат збиднувањата во светот, тие проценуваат дали е некој злосторник или не. Тие се проценувачи за тоа дали некој настан или појава се веродостојни, наметнуваат „правила за користење“, „стандарди“ или секакви облици на ограничување на проток на информации.

- За нив прекршување е сè што ја истражува вистината, сè што проблематизира за нив е прекршување на правила, стандарди, како што се на пр. теми за штетноста на 5Г технологија, против задолжителна вакцинација, за теорија на екзосоми, за труење од небото со млазни авиони, за теорија за рамна земја и др.

- Сите тие „незгодни“ тематики се отстрануваат од интернет постепено, од YouTube посебно. Затоа и поставија строги напомени дека сите записи кои на кој било начин, посредно или непосредно, ја поврзуваат 5Г технологијата со пандемијата со КОВИД-19 ќе бидат задолжително отстранети, а профилите повлечени. Едноставно, се цензурира слободата на мислење, независно од интензитетот и емоциите кои содржината може да ги предизвика врз општото население.

-  Сите кои го проблематизираат званичниот наратив се цензурираат во медиумите, па и на интернет.

- За да бидеме во соодност со нејзините барања, перцепцијата која ни ја создава глобалната политичка елита преку мас-медиумите е со цел, не по наша волја, да нè вовлечат во новиот светски поредок.

3. Понижување

- Сите оние кои не се придржуваат до таа глобалистичка реторика се сметаат за загрозувачи на нечие здравје, неодговорни, несовесни, прости, неупатени и др. Нејзе, за жал, ѝ подлегна интелектуалната елита. Но, тоа е разбирливо од една гледна точка. Технократскиот систем со кој раководат глобалистите е оружје насочено токму против малцинството на интелектуалци кои му пркосат на наративот што тие го протежираат. Со други зборови: сите здравствени лица веруваат во кризата со КОВИД-19, зашто тоа е нормата и тука не треба да се дискутира - дека е предизвикан од коронавирусот, но, извесна малцинска група на научници ги води истражувањето на друга насока, дека чинителите се сосема други - егзосоми, труење и сл., односно дека нешто има, но, не е така како што се труби во мејнстрим-медиумите.

- Новиот светски поредок не трпи антагонизам. Затоа, најдобро е овие луѓе да се маргинализираат или јавно понижат како псевдо-научници.

4. Закана

- Доколку не се почитуваат мерките за заштита, системот на казни автоматски се извршува преку Секторот за внатрешни работи.

- Оние што се во изолација постојано се малтретираат со повици дали се изолирани дома во четири ѕида 14 дена затоа што се „можно заразни“ за околината, независно од тоа дали им е правен тест или не, дали се позитивни или негативни. Индикациите и веродостојноста на PRC дијагностиката се сосема друга приказна.

- Носење на маска, инаку следува казна. Кој ќе одговара за оние што паѓаат на земја поради влошување на здравствената состојба од носење на маските? Нели е тоа измачување?

5. Исцрпување и наметнување на психички слабости

- Како се манифестира овој облик на измачување?

- Со постојано наметнување на црна хроника во медиумите. Произведување на население кое ќе биде психички неспособно, слабо, немоќно да разбере што му се случува. Во тој амбиент, тоа население ќе биде постојано изложено на стрес и подложно на секакви болести.

- Со постепено рушење на темелите на традиционалното образование и воведување на онлајн-настава (далечинско учење). Некои интелектуалци оваа нова нормалност во образованието ја доживуваат како откровение или предизвик, меѓутоа, се самозалажуваат. Поколенијата ќе бидат лишени од социјални потреби, тимска работа, заеднички раст и развој, соживување со емпатија и солидарност и сл.

- Носењето на маска е облик на психо-соматско измачување каде што не постои виновник доколку настанат некои психолошки или телесни нарушувања, а се знае дека се расадник на бактерии и вируси. Според вистинските стручњаци, единствениот вид на заштита против микроорганизмите е само скафандер со специјална облека што се носи во bio-safety лаборатории.

6. Присилување на банални барања

- Оваа мерка предвидува принудно насочување на жртвата да почитува тривијални барања кои се фиксирани како смислени во нашата свест: стојте два метра оддалечени еден од друг затоа што микронските капки паѓаат по 1 метар исфрлување од усната или носната шуплина!, внимавајте на стрелките во продавниците!, таму оди-ваму не!, дигни маска на нос, не само на уста!

Новиот светски поредок има за цел вовлекување на сите народи во нова глобалистичка парадигма, каде што владеат евгенички постулати (светот на најдобрите малкумина, останатите на истребување).

12.7.2020 год.

No comments:

Post a Comment