Член 3. Секој има право на живот, слобода и сигурност.
Член 13. 1. Секој има право на слобода на движење и живеалиште во рамките на границите на секоја држава.
Слободата на движење подразбира 24-часовна слобода, а не ограничувања поради наводна заштита на здравјето. Затоа полицискиот час треба веднаш да се укине. Доста веќе со „аргументи“ дека сме непослушни и не водиме сметка. Тоа е навреда за интелектот на секој еден Македонец. Ја наметнаа таа парадигма насекаде и нè убедија да веруваме во неа.
Одамна се изјаснив дека не верувам во статистичките податоци и анализите на нашата конформирана здравствена и политичка елита која слепо верува во извештаите на СЗО финансирата претежно од приватни фондови, најмногу од Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс. Влезете на веб-порталот на СЗО, ќе се уверите сами.
Зошто не се повикаат на некои национални институти, кои имаат сопствен став во однос на ова прашање, како што е, впрочем, Институтот за заразни заболувања во Марсеј, кој е име во вирологијата со големо Н од наука, туку само чекаат насоки од СЗО којашто веќе го има загубено приматот како покровител на здравјето на населението ширум светот затоа што одработува одредени агенди?
Зарем тоа што САД престана да ја финансира оваа организација не им алармира дека нешто не е во ред?
Секоја чест на исклучоците, како што е македонскиот инфектолог д-р Вело Марковски, кој е добро запознаен со природата на вирусот и политичката агенда во позадината, кој во неколку наврати посочи дека СЗО не треба да биде веродостоен извор за текот на заразата од коронавирус. Ќе го споменам и еминентниот француски виролог д-р Дидие Раул, кој категорично изјави дека од есен нема враќање на овој вирус и дека со антималаричниот и антибиотскиот лек вирусот станува неактивен по 5 дена и е многу евтин, за сите. Завршена приказна.
Глобалистичките здравствени кругови ги напаѓаат неговите научно-засновани заклучоци затоа што се на платниот список на фармакомафијата. Ова е општо познато, не треба којзнае каков памет за да се сфати севкупната политичко-здравствена агенда на светската глобалистичка елита.
Зарем општественото растојание меѓу луѓето ќе стане „нова нормалност“?
Размислете, ако таквиот стил на живот стане „нормалност“, тоа значи дека веќе сме како умртвени, откажани од животот. Тоа не е ниту во Божјата Промисла, ниту пак Бог нè промислил на таков начин, одвоени, исплашени, затворени и заразни за други. Се наметнуваат дополнително и нови волшебни зборови како што се „тестирање“, „вакцина“, „изолација“, и како мантра ни ги всадуваат длабоку во потсветста за да станат наша нова „нормалност“. Медиумите и политичките марионетки се одличен инструмент за спроведување на новиот поредок. Секојдневните мантри преку ТВ екрани, билборди, весници и интернет особено се алатка за перфидно програмирање на умот на масите.
А на сејачите на смрт, некрофилите, педофилите, сатанистите и психопатите кои, за жал, се крупните играчи, далечината, депресијата, затвореноста, мртвилото, темнината, студенилото, смрдеата, гнилежот и стравот, се една замисла за тоа како треба да изгледа светот. Да беа за животот, ќе ја решеа и смртта од глад во Африка и бедата на најзагрозените.
За среќа, постои и другата страна во поларизираниот свет која верувам дека ќе го надвладее лудилото на гореспоменатите.
Кој како сака нека го разбере моето излагање, тоа е негово право. Cogito, ergo sum.
13.5.2020 год.

No comments:
Post a Comment