Крах на симулакрумот

Оние што управуваат зад светската сцена имаат есотерична и застрашувачка агенда за човекот. Се воспоставува една „машина“ која е во служба на уништување на човечкиот род. Таа машина притајно е вградена во психолошката матрица во минатото, а сега уште повеќе доаѓа до израз преку испливувањето на новото светско тоталитарно општество. Контролата на населението во сите подрачја на општественото живеење е поизразена.

Системот работи во насока на уништување на човекот, така што сите оние што се двигатели на системот несвесно работат во насока на сопственото поништување.
Овој процес на бавно разнебитување не настанал „преку ноќ“. Методологијата за неговото одвивање е брилијантно осмислена и може да се рече дека е дело на лукавоста на нечесниот. Еден од пионирите по чиишто идеи е осмислен нашиот свет на симулакруми е Едвард Бернејс, двојниот посинок на Зигмунд Фројд, наречен „татко на пиар-от и на пропагандата“. Да не звучи претерано или сомнително ова за што пишувам, неговата значајна книга го носи насловот „Пропаганда“ од 1928, во која се поставени темелите на теоријата за односи со јавност. Таа книга била на работната маса на П.Ј.Гебелс, прочуениот Министер за народна просвета и пропаганда во времето на нацистичка Германија.

Елитата ги триела рацете кога пред очите им дошле генијалните замисли на Е.Бернејс. Со развојот на психологијата и со појавата на дарвинизмот се раѓаат евгеничките амбиции на елитните кругови. Меѓутоа, за да се остварат тие идеи, се употребувал јазикот на психологијата и тоа етапно. Опитите на рускиот научник И.П.Павлов, со класичното условување на кучињата, станале психолошко оружје во рацете на олигарсите. И.П.Павлов докажал дека условувањето и создавањето на навики се применува и врз луѓето.

Клучот за контрола врз населението, според Е.Бернејс, било „несвесното“ во човекот. Ако се манипулира во тоа подрачје, може умот да се преобликува во секаква структура. На елитата ѝ било особено значајно човекот да се преобликува во купувач или потрошувач, да се наведе да купува сè и сешто, а најмногу она што не му е полезно и потребно.

Ние овој свет го имаме денес. Кој од нас може да си го замисли животот без да испазари секаква дребулија или глупост на која ѝ е додадена вредност? Пазарењето е стил на живот денес, нели?
Бернaјс спровел една успешна операција во интерес на тутунската компанија Лаки Страјк. Не можејќи да ја зголемат продажбата на зелената кутија со цигари, го ангажирале токму мајсторот во рекламирањето да осмисли идеја како зелената боја да стане привлечна, прифатлива или трендовска. Тој заклучил дека, за да се зголеми потрошувачката на цигари, несомнено било потребно во нивниот пласман да се вклучи една потчинета група од населението, а тоа се возрасните жени.

Преку движењето за слобода на жените, со слогани за заштита на правата на жените, организирал Зелен бал во којшто сиот спектакл блескал во зелено, а биле повикани сите најугледни семејства од САД. Модните дизајни кои пристигнувале од Париз требале да бидат во сјајот на зелената боја како и јадењата кои биле приготвени за гостите, додека, пак, од уредниците на модните списанија било побарано на насловницата да се прогласи Ден на зелената боја.
Значи, зелениот маскенбал имал за цел да ја зголеми продажбата на Лаки Страјк и да изгради шармантна слика за пушењето. Со оглед на тоа што цигарата во раката на жената имала фалична симболика, на машки полов орган, а тој означува моќ, таквиот култен статус на цигарите бил востоличен за време на Велигден во втората половина на XX-тиот век, на којшто голем број на жени од џетсетот нагрнати во крзнена облека марширале по улиците со цигара во рака симболизирајќи ја моќта во име на слободата.

Како епилог, Е.Бернајс, секако сокриен зад сцената, ја задоволил потребата на жените, реална потреба на жените да земаат учество во политичкиот живот притоа претворајќи ја таа потреба во вештачки условен нагон за пушење на цигари. Оттогаш, холивудските филмови почнуваат да грмат со моќни жени кои заводливо пушат цигари, а притоа носат и крзнена облека, додека Лаки Страјк ги надминал сопствените очекувања во продажбата на цигарите.
Стиловите на живот кои се протежираат во американската кинематографија изобилуваат со условени механизми кои илузорно градат кај потрошувачите прицврстен однос кон одредени брендови.

Оваа приказна не завршува тука. Неговите методи станале оружје и во рацете на воено-индустрискиот комплекс на САД. Многу суверени земји, како на пр. Гватемала, излегле како жртви поради водечкиот слоган „Да го направиме светот сигурен за демократијата!“ Дури ни Бернајс самиот, најверојатно, не можел да си претпостави дека станал „играчка“ во рацете на пропагандистите кои, патем, ги нарекол „вистинска светска елита“.
Во неговата книга „Пропаганда“ тој изјавува: „Ние мора да владееме со луѓето зад сцената. Со нивното мислење, со нивното поведение треба да управуваат вешти пропагандисти коишто ќе умеат сите нивни желби да ги насочат во сопствениот правец“.

Се раѓа нова епизода во која таа прикриена сила се игра со луѓето. Во неа луѓето ја губат способноста да мислат. Стихијно престануваат да мислат, не поставуваат клучни прашања, не проблематизираат никаков званичен наратив. Голема улога во преобразување на толпата во овци одиграа телевизиски програми познати како „реалити“. Тој тип на програмирање на толпата со тек на време стана така продлабочен што ги навикна луѓето на нормализација на ненормалното. Тоа е целта на тоталитаризмот во најмала рака: нормализацијата на ненормалното и сведување на човекот на збир од реакции, битие што ќе приличи на животно во коешто нагонските реакции ги надвладуваат когнитивните.

Секој обид да се демистифицираат наметнатите обрасци кои ја погубуваат нормалноста жестоко се напаѓаат под изговор дека се шират теории на заговор. Сите дразби кои нѐ бомбардираат преку нашите сетила се непосредно под влијание на контролорите на умот, а тоа се неколку светски корпорации, меѓу кои се вбројуваат фабриките за соништа, Холивуд и Дизни.
Процесот на преоблекување на свеста е, всушност, технократски менаџмент, планиран долгорочно и тоа мошне прецизно.
Заклучувањето на светот „преку ноќ“ е демонстрација на нивната глобална сила под закрила на пандемијата. Заклучувањето е знак дека е завршена епизодата со претходниот релативно угоден живот во кој на луѓето им било овозможено да уживаат како слободни човечки суштества во распон од неколку децении по Втората светска војна.

Со воведување на новото нормално растурен е симулакрумот втемелен на неограничена потрошувачка и ненаситното задоволување на личните потреби и желби во кој царуваат бесмисленоста и духовната бедотија: селфиња на сите страни на светот, патувања по разни дестинации со скапи возила, консумирање на секакви непотребни артикли и услуги, следење на луксузна мода со невкусен дизајн и крпежи, задоволување на нагони на разни начини и средства, разновидни депласирани стилови на живот, а паралелно со ова, се загубија и вредносните системи кои се темел за смислен живот, почитта кон постарите, авторитетите, чесните, љубовта кон ближниот.

Меѓу нив, слободата и правото на живот се темелни вредности, неприкосновени, подарени од Бога со вдишувањето на првиот здив надвор од мајчината утроба. Со рушење на стариот поредок и градење на новиот, токму тие слободи се одземени преку ова злосторство против човештвото, под изговор дека твојата слобода и твоето право на живот, да дишеш, да бакнеш, да прегрнеш, загрозуваат нечиј друг.

Какво генијално-психопатолошко преобликување на човечката свест!
(од мој агол)

23.12.2020 год.

No comments:

Post a Comment