Песна „Црвено и жолто“

Во топли прегратки нѐ носиш,
ветришта на слобода од искона ни праќаш,
духот сиромашен со мудрост го храниш.

Во рани мугри насмевка ни крадеш,
во ноќи неспокојни соништа ни плетеш.

Телесната ни немоќ везден ја храниш,
со плодови и житарки полиња полниш.

Плевелот ширно разгранил, житото доземи нависнало,
зрната златни отровно семе ги покрило.

Бори се земјо синови да спасиш,
ќерки да храбриш, род да не загубиш!

Честит празник мила Македонијо, земјо наша испатена,
соголена и заборавена! Вечна да си!
(од мене за Македонија)

8.9.2020 год.







No comments:

Post a Comment