ВКУПЕН БРОЈ НА ПРЕГЛЕДИ

Први дел: латинска фонетика

Добре дојде на страницата!

Избери дигитална содржина која ти е потребна за изучување на латинскиот јазик. Првичните содржини го обработуваат историјатот на јазикот и писмото. Потоа следуваат содржини кои се занимаваат со фонетиката, каде што се запознаваш со видовите на гласови, нивното нагласување и изговарање во збор, и со морфологијата на името и глаголот, опширно граматичко градиво во кое е опфатена номенклатурата на именските и глаголските категории, нивното спрегнување со падежни и со глаголски наставки познати како деклинации и конјугации. Покрај објасненијата за градење на облиците, знаењата можеш да ги обновиш и увежбуваш со редица на прашања и задачи дадени во последните слајдови на дигиталната содржина.

Сите делови од содржините се движат со ползување на долниот алатник. Притискајќи на стрелката надесно напредуваш во слајдовите или ги додаваш деловите од слајдот, додека притискајќи на стрелката налево се враќаш во прегледаните слајдови или ги одземаш деловите од слајдот.

Ако притиснеш на копчето во облик на квадрат со испрекинати линии, го увеличуваш размерот на дигиталната содржина.

По желба, врската до дигиталната содржина можеш да ја споделиш некому за да му покажеш што учиш или да му помогнеш во олеснување на учењето или на неговите студии по латински јазик. Можеш дигиталната содржина да ја споделиш и на некоја друштвена мрежа (Фејсбук, Твитер...), така што со твојата препорака ми помагаш во промовирање на блог-порталот Mythos и на латинскиот јазик. Копчето за споделување се наоѓа на десната страна на алатникот, обележано со црвена стрелка, а изборниот назив за споделување е напишан на англиски јазик Share, обоен во жолт обележувач.

Содржините ти се бесплатни за употреба, така што секоја добра намера да го препорачаш Mythos како отворен образовен ресурс е скапоцен прилог кон класичната наука. Ја имаш мојата неизмерна благодарност!

ПРЕПОРАКА ОД АВТОРОТ:

Ако твојот прелистувач не го прикажува изворниот македонскиот фонт SkolaSansCnOffc на кој се изготвени презентациите вчитувајќи некој друг системски фонт како замена, тогаш задолжително ти препорачувам да ги преземеш и инсталираш четирите формати на твојот компјутер за да избегнеш изместувања од рамки и погрешна големина кои се јавуваат како последица на вчитан системски фонт.

Фонтот SkolaSansCnOffc е авторски во сопственост на македонскиот типограф Ласко Џуроски. Преземи ги сите четири формати за инсталирање.

Редовен: SkolaSansCnOffc-Regular

Редовен-накосен: SkolaSansCnOffc-RegularItalic

Задебелен: SkolaSansCnOffc-Bold

Задебелен-накосен: SkolaSansCnOffc-BoldItalic

Откако ќе заврши целиот процес на инсталирање, престартувај го прелистувачот за да провериш дали се вчитува новиот фонт во дигиталните содржини или, ако нема промена во форматот на фонтот, престартувај го системот.

За обработка на содржините ја консултирав стручната литература од следните автори:
1. В. Димовска, М. Бузалковска-Алексова, М. Чешларов, Е. Џукеска, Liber Latinus I, Алби, Скопје, 2003.
2. Љ. Басотова, Учебник по латински јазик за II година Latine Discimus, Просветно дело АД, Скопје, 2002.
3. В. Димовска-Јањатова, С. Кочовска-Стевовиќ, Elementa Latinitatis (Grammatica) учебник по предметот Латински јазик, почетен курс, Филозофски факултет, Скопје, 2012.
4. В. Димовска-Јањатова, С. Кочовска-Стевовиќ, Elementa Latinitatis (Lectiones et pensa) учебно помагало по предметот Латински јазик, почетен курс, Филозофски факултет, Скопје, 2012.
5. Х. Ерберг, Lingua Latina Per Se Illustrata, Pars I Familia Romana, Domus Latina, Гренаа (Данска), 2003. 
6. Х. Ерберг, Lingua Latina Per Se IllustrataPars II Roma Aeterna, Domus Latina, Гренаа (Данска), 2003.

ЗНАЧЕЊЕ И ИСТОРИЈАТ НА ЛАТИНСКИОТ ЈАЗИК И НА ЛАТИНСКОТО ПИСМО. ЛАТИНСКА ФОНЕТИКА.

1. Седум причини зошто латински јазик? (преземи PDF датотека)


2. Латински јазик (преземи PDF датотека)


3. Латинско писмо (преземи PDF датотека)


4. Поделба на гласови и изговор (преземи PDF датотека)


No comments:

Post a Comment