Космогониските митови раскажуваат за настанување на светот и вселената. Најчесто овие митови се сметаат и како теогониски, затоа што во создавањето на светот учествуваат боговите, кои се или создатели на светот и поредокот или самите се раѓаат во текот на создавањето. Ваквите митови во разните култури се сметаат за свети, бидејќи го објаснуваат потеклото на сите нешта, односно на предметите, појавите и промените во природата. Вселената или космосот за античкиот човек не била пространа темна празнина, туку нешто големо, недофатно, што има божественост во себе. Сите богови кои настанале на почетокот се нарекуваат протогени или првородени.
Во хеленската митологија се сретнуваат три космогониски митови кои на сопствен начин го опишуваат настанувањето на светот и на боговите:
1. орфички
2. пелазгиски (хомерски) и
3. олимпски
Црноличната божица Ноќ (Никта) која е мајка на сите созданија според орфичкиот космогониски мит. |
Според орфичкиот мит, орфичарите раскажуваат дека на црноличната божица Ноќ, од која и Ѕевс трептел, ѝ се додворувал ветерот, па затоа зачнала од него и снесла големо сребрено јајце во страшната темнина на бескрајниот простор. Од јајцето се испилил Ерос, богот на љубовта. Ерос бил златокрилест и двополен. Имал четири глави, така што во одреден миг рикал како лав или бик, шиштел како змија или блеел како овен. Ерос ослободен од космичкото јајце ја создал земјата, небото, сонцето, месечината и водата. Со светот владеела божицата Ноќ сè додека нејзиниот жезол (скиптар) не преминал во рацете на небесниот бог Уран (Небо).
Евринома и нејзиниот исконски танц низ морето |
Офион и космичкото јајце |
Потоа Евринома се претворила во прекрасна гулабица и лежејќи над брановите извесно време снесла космичко јајце. По нејзина заповед Офион седумпати го обвиткувал јајцето да го стопли. Откако долго време го загревал, јајцето се распукало, а од внатрешноста се избиле децата на Евринома, а тие се сонцето, месечината, планетите, ѕвездите и копното со планините, реките, дрвјата, растителниот и животинскиот свет. По создавањето, Евринома и Офион за свој престол ја избрале планината Олимп. Офион еднаш ја навредил Евринома кога рекол дека е единствениот заслужен создател на светот. А таа налутена веднаш му возвратила нагазувајќи го на земја и избивајќи му ги острите заби. Потоа го фрлила во длабочината на земјата наречена Тартар.
Тогаш за управители на сeдумте вселенски сили ги поставила човеколиките титани и титанки: Теа и Хиперион владееле со Сонцето, Фојба и Атлант со Месечината, Диона и Криј со планетата Марс, Метида и Коеј со Меркур, Темида и Евримедонт со Јупитер, Тетида и Океан со Венера и Реја и Крон со Сатурн. Луѓето како последни созданија настанале самоникнати. Првиот бил Пелазг, таткото на сите луѓе. Тој изникнал во областа Аркадија на Пелопонес (јужна Хелада), а по него изникнале сите луѓе. Ги научил да градат колиби, да се прехрануваат со жито, а од свинска кожа да изработуваат облека за затоплување на телото.
Уран |
Гаја |
Атлант, еден од титаните, кого Ѕевс го казнил вечно да го држи небото (Уран) бидејќи му се спротивставил во борбата против титаните (титаномахија). |
Така Гаја му го доделила почесното место на Крон да биде господар на светот. Неговата сестра Реја му станала сопруга. Времето кога владеел Крон античките народи го сметале за Златно Доба, кога имало благосостојба и праведност. Но сепак, Крон не бил многу праведен. Тој неговите браќа хекатонхејрите и киклопите повторно ги заробил во Тартар како што тоа го направил татко му Уран. За вратарка ја поставил Кампа, еден женски змеј која го имала клучот. Неговите родители го проколнале дека и неговите деца што ќе ги има со Реја ќе се обидат да го симнат од престолот на којшто владее. За да ја избегне оваа казна, Крон ги голтал едно по друго сите деца што Реја му ги раѓала: Деметра, Хера, Хад, Хестија и Посејдон.
Ѕевс во битка со Крон |
Совладувајќи ги титаните, ги фрлил во Тартар, а ги ослободил само Атлант, Епиметеј, Метида, Океан и Прометеј кои не се кренале на војна против него, а за возврат ги ослободил хекатонхејрите и киклопите кои на Ѕевс, Посејдон и Хад им сковале оружја. Громот му послужил на Ѕевс да го убие чудовиштето Тифон коешто Гаја го родила да се бори против боговите, Посејдон го добил тризабецот, а Хад невидливиот шлем. Во војната против Ѕевс се приклучиле и гигантите, кои имале голема снага, но биле совладани благодарение на херојот Херакле кој би повикан да им помогне од страна на Ѕевс. По завршувањето на војната, Ѕевс со неговите браќа Посејдон и Хад влечеле ждрепка за да ја поделат власта над светот. Ѕевс ја добил власта на небото и земјата, Посејдон на водата, а Хад на подземниот свет. Својот престол боговите го поставиле на Олимп и започнал нивниот поредок.
Орфичари - следбеници на орфичките мистерии кои биле тајни верски собири за кои малку се знае и нема зачувано доволно податоци. Орфичарите создале свој космогониски мит за настанок на светот.
Никта - божица Ноќ.
Тартар - најдлабоката точка на земјата, темна и студена бездна.
Нимфи - женски заводливи божества кои имале прекрасен лик и пребивале по шумите, изворите, планините, долините и секаде каде што цветала природната убавина.
Гиганти - џинови, кои се родиле од крвта на Уран, а биле жестоки противници на Ѕевс. Тие носеле човечки лик со таа разлика што нозете им биле преобразени во рибји риги со репови. Откако Ѕевс ги совладал титаните, првородената божица Гаја ги повикала да го надвладеат Ѕевс, но не успеале да го уништат. Војната со гигантите во хеленската митологија е позната како гигантомахија.
Книжевни извори:
1. В. Димовска-Јањатова, В. Томовска, Класичната култура во европската цивилизација, Графички Центар ДООЕЛ, Скопје, 2010
2. Sylvie Baussier, Mythologies, Éditions FLEURUS, Paris, 200
3. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 199
No comments:
Post a Comment