Нагледно-образовни помагала

Овие помагала ги опфаќаат основните анатомски прикази и деловите на рецептот кои се потсетник за ученикот или, пак, за студентот кој ја изучува анатомијата на човекот да се потсети на латинските називи и изрази. Иако не ја покриваат целокупната структура во сите слоеви од градбата на телото, зашто тие сознанија се изучуваат по предметот Анатомија и физиологија, освртот кон основните делови е незаобиколна рутина за оној којшто се навраќа и се потсетува.

Разбирањето на анатомијата и на функцијата на сите елементи одделно ја потврдуваат стручната теориска подготовка на испитаникот, којашто, доколку прецизно ја поврзува и доследно ја објаснува со практичната дејност, на сигурен пат е да се стекне со квалитетно здравствено образование.

Помагалата се објавени во презентациски формат и во монохроматски PDF формат. Монохроматскиот формат отпечати го и употреби го за увежбување на анатомските називи на латински јазик штом ќе ја прегледаш презентацијата. Потруди се да ги запомниш називите и соодветно да ги напишеш во белините.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА СО НАГЛЕДНО-ОБРАЗОВНИ ПОМАГАЛА

1. Делови од човечка глава (монохроматски PDF формат)

2. Делови од усна шуплина (монохроматски PDF формат)


3. Делови од човечко тело (монохроматски PDF формат)


4. Мускули на човечка глава (монохроматски PDF формат)


5. Предни мускули на трупот и екстремитетите (монохроматски PDF формат)


6. Задни мускули на трупот и екстремитетите (монохроматски PDF формат)


7. Предни и задни мускули на долните екстремитети (монохроматски PDF формат)

No comments:

Post a Comment