ВКУПЕН БРОЈ НА ПРЕГЛЕДИ

Лиценца Creative Commons

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ АКО ИМАШ НАМЕРА ДА ГИ УПОТРЕБУВАШ МАТЕРИЈАЛИТЕ ВО СОПСТВЕНО ДИГИТАЛНО КРЕАТОРСТВО ИЛИ ВО НЕКОЈ ДРУГ ОБЛИК?

Материјалите на MythosМК подлежат на лиценца Creative Commons која се води под следнава формулација како признание за придонес:

MythosMK © 2014 by Nenad Nachkovski is licensed under CC BY-NC-ND 4.0 

Со логото на MythosМК следува и правоаголна етикета со симболи кои ти објаснуваат што содржи лиценцата Creative Commons:


Во интерес на твоите потреби за примена на материјалите на MythosMK и, секако, во мој интерес за промоција на авторското дигиталното творештво, ти наведувам детално објаснение за сите симболи од етикетата.

Имаш слобода да го умножуваш и споделуваш мојот авторски труд во кој и да е медиум или облик.

Авторот не може да ти ги одзема слободите сè додека ги следиш условите во согласност со лиценцата Creative Commons.

УСЛОВИ:

 Ознака за Creative Commons. Криејтив Комонс (или творечко заедништво) претставува колективен извор на дигитални медиумски датотеки што може да се употребуваат веднаш и бесплатно. Тој дозволува делата да се споделуваат лесно. Авторот назначува интелектуална сопственост на неговиот труд и го објавува како дело во дигиталниот свет. Така, на корисникот му дава можност да го употребува преку opt-in схема, односно да го употребува под определени услови на кои корисникот е должен да се придржува. Тие услови ги поставува самиот автор, така што на корисникот му преостанува единствено да се придржува до нив на начин каков што го бара авторот. Толку! Лесно е, нели?

 
Attribution - Должен си да му дадеш признание на авторот, наведувајќи интернет-врска до лиценцата и посочувајќи ги измените коишто си ги направил. Во случај да си направил измени на авторскиот труд, треба тоа да го покажеш на разбирлив начин за да не предизвикаш реакција. На пример, посочуваш интернет-врска дека од изворниот труд на авторот си направил измени, односно дека претходната верзија е изворен авторски труд. Тоа признание се покажува во секој облик на твоето дигитално творештво.

NonCommercial - Забрането е да се употребува авторското дело за тргување. Лиценцата која го содржи овој знак му забранува на корисник да го употребува авторското дело „првично насочено или непосредно насочено кон трговска добивка или за паричен надоместок“. Од една страна, сеедно дали станува збор за непрофитна или добротворна организација, употребата на авторскиот труд доаѓа во судир со условот NonCommercial. Од друга страна, ако станува збор за профитна организација, не значи дека условот NonCommercial е прекршен. За тоа дали некој поединец, организација или тело го прекршил условот, зависи од посебностите на ситуацијата во која делото било употребено и од намерата на корисникот.

NoDerrivatives - Забрането е јавно да се споделува авторскиот труд кој корисникот го видоизменил за свои потреби и намери. Законот за интелектуална сопственост му дозволува на авторот да го видоизменува изворното дело создавајќи неколкукратни адаптации. Во однос на тоа дали авторскиот труд е прекршен зависи од начинот на прикажување на делото. На пример, ако корисникот вметнува целовит авторски текст или одломка од авторски текст во контекст на неговиот труд или ако вметнува авторска илустрација во група на авторски илустрации со давање на признание на авторот, таквата постапка не се смета за адаптација од корисникот, што значи дека не го прекршува овој услов. Ако корисникот врши комбинирање на авторска медиумска содржина (текст, илустрација, звучен и видео запис, презентација и др.) со неговата, во тој случај изработува „смеса“ од авторски и негов труд и тоа се смета за создавање на адаптација од изворно дело со чиешто право располага единствено авторот на трудот, не корисникот, и подлежи на регулативите за заштита на интелектуална сопственост.

Ако ги употребуваш делата од овој блог-портал, со цел да се заштитиш од авторска реакција, притискајќи на синото копче Copy копирај го признанието кон авторот и залепи го внатре во твоето дигитално творештво на недвосмислен и разбирлив начин (фуснота, контекстуално и сл.).
MythosMK © 2014 by Nenad Nachkovski is licensed under Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0 International.

No comments:

Post a Comment