Тест за фотонарцисизам

Дали страдаш од фотонарцисизам?

Одредница: пренагласена опседнатост со правење на фотографии каде што си сам/сама на фотографијата.

Реши го тестот: (одговори со ДА или НЕ)

1. Дали често го поминуваш времето правејќи лични фотографии (понатаму „селфи“)?

2. Дали ти е тешко да ти помине денот без да направиш едно селфи?

3. Дали го поминуваш денот размислувајќи за селфињата или планирајќи како да направиш селфи?

4. Дали чувствуваш потреба, доколку си направил едно, да правиш уште повеќе и повеќе?

5. Дали често кога правиш селфиња и ги споделуваш тоа се случува од причина да избегнеш или да заборавиш на некои обврски во текот на денот?

6. Дали ти се случува при правењето на селфиња да бришеш голема количина од нив затоа што не биле успешни?

7. Кога ќе објавиш селфи, дали се чувствуваш разочарано ако никој не го коментира?

8. Ти се случува ли, кога ќе објавиш селфи, тоа да ти предизвика проблеми во љубовната врска, во работата или во учењето?

9. Дали сѐ што си замислуваш и осмислуваш да го правиш е некако поврзано со правење на селфи?

10. Дали објавувањето на селфи ти влева чувство дека си важен/важна на некој начин?

Ако си одговорил/-ла со ДА на 2, 3 или 4 прашања:

Време е бидеш малку посвесен/-на кога ги правиш селфињата и да си размислиш зошто воопшто ги правиш. Следната недела сврти внимание малку на ова, повикај некој близок роднина или пријател кој не е фотонарцисистичен за да ти ја разбие умерената опседнатост со селфиња додека има уште надеж за тебе.

Ако си одговорил/-ла со ДА на повеќе од 4 прашања:

Ова е позагрижувачко од обичното самољубие или самопочит затоа што во длабочината крие некои други нешта. „Краткотрајното величање“ преку лична фотографија во разни пози и на секакви места се истакнува како позначајно на сметка на останатите животни цели и амбиции.

Крајно време е да се вратиш во реалноста и подалеку од виртуелната симулација која бара постојана фиксација на аплаузи и признавања од други лица.

Запомни: фотографијата никогаш нема да го фати она што си ти, ниту пак колку си прекрасен/-на.

Наравоучение: најубавите нешта во животот можат единствено да се доживеат лично преку сите сетила, а не во лажниот свет на фотографии и видеа. Така сме создадени, така сме промислени од Севишниот и затоа треба поскоро да се вратиме во природната рамнотежа.

17.7.2020 год.

No comments:

Post a Comment