Трите заблуди

Денешниот свет почива на три заблуди кога станува збор за постоење на светот и човекот: фатализам, деизам и материјализам.

Фатализмот (лат. fatum = судбина, нешто наречено, од глаг. for = зборувам) е верување во однапред определена и неизбежна судбина или слепа нужност, нешто што е зацртано од некоја виша сила и не може да биде променето по човечка волја или дејство. Наводно, судбината на секого и на светот е определено од некој божествен суд кој не може да се избегне или промени.

Ова е спротивно на Божјата Промисла, каде што човекот со силна верба во Бога и со Негово водство е творец на сопствениот живот и на патот по кој чекори.

Деизам (лат. deus = бог) е верување дека Бог учествувал во создавањето на светот, но, откако го создал, го запоставил и запустил, без да носи каква било одговорност за неговото постоење, ниту да учествува со некаков План за светот.

Ова е спротивно на Божјата Реч, по кое Тој не само што го создал светот, туку по падот на Адам и Ева веќе имал Промисла за негово спасение. На светот кој пропаѓа му треба спасение, избав, а тоа дојде плански од Бога преку жртвата на Богочовекот Исус на крстот.

Материјализам (лат. materia = плот; ствар) проповеда убедување дека видливата стварност е единствената вистина, односно дека не постои друго духовно или наприродно подрачје над видливата вселена (макрокосмос и микрокосмос како стварности), туку телесноста од која се излачува сè. Научниците сметаат дека светот е производ на проста случајност, а вселената последица на сингуларитетот (од една точка до множество телесни облици).

Христијаните денес безпоговорно паѓаат на овие научни претпоставки, на кои ги наведува нашата култура, а врз основа на чии постулати нашата блиска или далечна иднина зависи од нас самите, од нашите иницијативи и изборот во општеството во кое живееме, а не врз основа на Божјата Промисла. Така сме учени, дека историјата ја градел само човекот, неговите цели и средства...дека нема Промисла.

Најголемиот дел од современата интелектуална историја е несреќен и потрошен производ на материјалистичката заблуда

Мисла на хрватски католички свештеник Јосип Радиќ

9.1.2020 год.

No comments:

Post a Comment