ШТО Е КАРАКАТЕРИСТИЧНО ЗА РИМСКАТА КУЌА ИЛИ DOMUS ROMANA?
Карактеристично за римската куќа или стручно domus romana, како што ја викале Римјаните, е тоа што таа речиси ретко имала прозорци, но затоа имала отвор од градината и атриумот од каде што навлегувал свежиот воздух и дневната светлина. По правило, домусот немал отворено дворно место. Единствениот двор се наоѓал внатре во куќата наречен перистил. Во римската куќа не живее само римското семејството, туку и робовите со нивните семејства кои им служат на господарите на куќата. Повеќето куќи биле градени без кат, но доколку имале прв кат, тогаш на катот се ѕидале само неколку соби (кубикулуми) во помали димензии кои претежно служеле како соби за спиење. Бидејќи римските куќи биле само сопственост на богатиот римски сталеж, во нив се вмрежувале и водоводните керамички цевки преку акведуктите за дотур на вода. Само богатите Римјаните ја имале таа привилегија да поседуваат приватна бања наречена balnea за капење и рекреација.
ОД КОИ СОСТАВНИ ДЕЛОВИ Е ИЗГРАДЕНА ЕДНА ТИПИЧНА РИМСКА КУЌА?
Пресек на домус со неговите составни делови |
ОПИС НА ДЕЛОВИТЕ ОД РИМСКАТА КУЌА
Целосен изглед на римската куќа. Во планот под сликата на куќата се обележани деловите од куќата по броеви. |
Таберна e продавница, односно деловен простор којшто се изнајмувал под кирија од господарот на куќата. Најчесто имало по две продавници меѓу влезот на куќата. Понекогаш таберната била користена и како шупа за складирање на куќни предмети. Таберните биле отворени кон улицата, а затворени за влез во куќата. На сликата иако не е прикажана нивната отвореност однадвор, таберните се наоѓале помеѓу влезот на куќата, десно и лево од вестибулумот.
1. Вестибулум е ходник низ кој се поминува при влегување во куќата. Во вестибулумот често имало насликано куче како фреско со натпис caveo canem, што значи чувај од кучето, како предупредување за непоканетите гости. Но, се среќава и ликот на Пријап, богот на плодноста, за кого се верувало дека ја заштитува стоката и овошните градини од наездата на крадците и злонамерниците.
2. Атриум претставува централен дел од куќата, таму каде што некогаш било домашното огниште. Подоцна овој простор се преобразува во претсобје. Во средиштето се наоѓа плиток базен наречен имплувиум (број 3), таму каде што се собирала дождовницата, бидејќи над базенот имало кровен отвор (комплувиум). Во атриумот се наоѓал и ларариум, мал олтар посветен на куќните божества (lares familiares).
4. Кубикулум е собичка наменета за спиење на господарите на куќата и нивните робови. Вакви собички имало насекаде низ куќата, особено на првиот кат. Најчесто собите имале по еден кревет и мало ковчеже во кое се чувале личните предмети. Кубикулумите немале немале врати, туку само пространи завеси заради приватноста.
6. Таблинум е соба за прием на купувачите кои соработувале со таткото на семејството. Таму била неговата канцеларија и место за деловни разговори.
5. Ала е проширено крило од атриумот. Не е доволно објаснето за што точно служело ова проширување.
Кулина е кујна во која робовите приготвувале разновидни јадења за домаќините. Имало камена печка каде што готвеле ручек во метални казани на жар. На сликата кујната била прилагодена во една од собичките кубикулуми.
Триклиниум претставува трпезарија. Во повеќето римски куќи имало неколку трпезарии, така што домаќините можеле да бираат каде ќе јадат во текот на денот. Под влијание на хеленската култура Римјаните се научиле да јадат прилегнати на лежалка наслонети на перница. Оттука и називот триклиниум, бидејќи станува збор за три лежалки меѓу кои имало мала кружна маса. На сликата триклиниумот бил прилагоден во една од собичките кубикулуми, често покрај внатрешната градина.
8. Перистилиум е внатрешен четириаголен ходник кој во средината бил опколен со градина наречена хортус над која немало кровна конструкција зашто била отворена кон небото. Градината била оградена со мермерни столбови и украсена со разновидно зеленило и цвеќе, најмногу рози, темјанушки и лилијакрини, но и со убаво изработени скулптури или мали фигурини. Перистилот бил место за рекреација и одмор за членовите на семејството, но и за поканетите гости во куќата.
7. Екседра е дневна соба спроти перистилиумот којашто се користела за обилни ручеци, забави и слободни активности од животот на старите Римјани. Екседрата била мошне украсена со ѕидни слики, како и со столбови кои биле прилепени на ѕидот.
КАДЕ ЖИВЕЕЛЕ НАЈБОГАТИТЕ СТАЛЕЖИ ОД ВРЕМЕТО НА СТАРИОТ РИМ?
Највисоките сталежи во стариот Рим наречени патрикии поседувале живеалишта познати како римска вила или villa romana. Се граделе за време на Римската Република и Римското Царство.
Според римскиот историчар Плиниј Постариот, постоеле два вида на римски вили:
а) градска вила или villa urbana
б) селска вила или villa rustica
Реконструкција на Villa Romana del Casale |
Селската вила била вообичаена селска куќа во која живееле слугите и робовите кои се занимавале со земјоделски дејности назначени од сопствениците на вилата. Селската вила биле дел од градската, но само сезонски била посетувана од работниците.
Римска вила |
КАДЕ ЖИВЕЕЛО СИРОМАШНОТО РИМСКО НАСЕЛЕНИЕ?
Поради неквалитетниот градежен материјал, најчесто биле мета на пожари што било чест случај во тоа време. Преку нив немало вградена кујна и систем за снабдување со вода кој би претставувал еден вид заштита од опожарување, освен до ниските катови каде што имало водоснабдување и системи за загревање. Откако во градот Рим избувнал прочуениот пожар во 64 год. н.е. за време на владеењето на римскиот цар Нерон, по негова наредба била забранета изградбата на висококатните инсули.
Овие куќи биле и подложни на рушење поради кревките материјали од кои биле ѕидани, од дрво и ќерпич (плитар). Отворите од собите кои наликуваат на прозорци всушност овозможувале влез на воздух и светлина, но немале рамки со стакла за затворање на отворот како во современите домови.
Животот виреел низ улиците покрај инсулите. Приземните дуќани секогаш биле полни со купувачи и продавачи на разни стоки и услуги. Трговијата била значајна стопанска гранка во стариот Рим. |
Во една обична инсула можело да се сместат 40 станари, односно околу 10 семејства ако се бројат по 4 члена во едно семејство. Нејзината површина изнесувала приближно 330 м2.
Најпожелни биле долните катови поради допирот со водата и системот за загревање, но затоа биле и најскапи за изнајмување. Од друга страна, повисоките катови биле најнепожелни од причини што немало вода и греење и поради тоа што требалo станарите да се искачуваат по скалите до нивните домови. Поради недостаток од кујнски простор и бањи, Римските граѓани кои живееле во инсулите биле принудени често да посетуваат јавни бањи за хигиена и ресторани за прехранување, а поради тесниот простор во собите кој не пружал посебна комоција, избегнувале секојдневнен престој во нив, така што ги посетувале форумите (градските плоштади) заради општење со јавноста и рекреативни активности.
ВО КАКВИ КУЌИ ЖИВЕЕЛЕ ХЕЛЕНИТЕ?
Составни делови на една вообичаена хеленска куќа |
Надворешен изглед на хеленската куќа |
Андрон - соба наменета за мажи и момчиња |
Симпосиум буквално значи „заедничко пиење“ со оглед на тоа што во тие ноќи се пиело вино во изобилство. Симпосиумите ги организирал домаќинот на домот кој ги повикувал пријателите и познаниците да прослават по повод некоја победа, натпревари или верски празници.
На сликата се гледаат мажи потпрени на перниче во полулежечка положба кои уживаат во гоштевањето додека некој авлетист ги забавува со музика. Робовите готват во кујната, а робинките го носат јадењето. Во тоа време Хелените јаделе во испружени во легла. Римјаните го презеле овој обичај од нив.
КОМПЈУТЕРСКА 3Д-РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДОМУСОТ
И ИНСУЛИТЕ
Книжевни извори
1. Peter Connolly, The Ancient City Life in Classical Athens and Rome, Oxford Oxford University Press, 1998
Електронски извори
1. https://sites.google.com/site/ad79eruption/history/the-roman-house